Исплатени субвенциите за предаден тутун

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На сметките на 14 502 тутунопроизводители денеска легнаа субвенциите за предаден ориентален тутун од ланската реколта. Исплатата изнесува 40 милиони евра или по 100 денари за килограм предаден тутун од реколта 2024 та г.

Го исполнивме дадениот збор што го дадовме на тутунопроизводителите. Денеска се изврши исплата на директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година, информираат од МЗШВ. Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ од 2.404.561.224,00 денари односно околу 40.000.000 евра. Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи. Го вреднуваме трудот на земјоделците, велат од МЗШВ.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...