“Исчезнаа“ милиони денари од прилепската болница, утврди ДЗР

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Сериозни недоследности, непочитување на законски процедури и пропусти кои упатуваат на системска слабост во управувањето, контролата и евиденцијата на средствата за 2024 година, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) при спроведената ревизија на финансиското и материјално работење на Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Ревизијата откри сериозни неправилности во работењето на болницата. Дел од обврските биле евидентирани и платени ненавремено, селективно и без контроли, а кон поединечни добавувачи биле извршени авансни плаќања без приложени фактури во износ од над 8 милиони денари. Набавки на стоки и услуги во износ од 15,7 милиони денари биле спроведени без постапка за јавна набавка, а во некои постапки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

Особено проблематична е набавката на медицинска опрема во износ од 26,9 милиони денари, дел од која, иако не е неопходна, не е ставена во употреба. Исто така, ревизијата утврди неправилности во благајничкото работење: не се издадени фискални сметки за здравствени услуги во износ од 4,4 милиони денари, а 5,5 милиони денари примени во готовина не биле уплатени на сметката на болницата, туку директно исплатени преку благајната, спротивно на Законот за платежни услуги и платни системи.

Според ревизорскиот извештај, во текот на 2024 година болницата исплатила 3,1 милион денари за дежурства на немедицински кадар, што е спротивно на здравствените прописи, бидејќи таа категорија вработени не врши медицински, итни или животозагрозувачки услуги, 1,8 милиони денари по основ на прекувремена работа без претходно спроведена законска и административна постапка — без соодветни одлуки, записници и правни основи, што укажува на можност за внатрешни злоупотреби или нерегуларно планирање на кадар.

Болницата во текот на 2024 година наплатила 6,74 милиони денари од 67 правни субјекти по основ на закуп на деловен простор, а  установата не се регистрирала како ДДВ обврзник и не пресметала и не уплатила ДДВ во износ од 1,21 милион денари, со што е прекршен Законот за данок на додадена вредност.

Ревизорите утврдиле дека досиејата на 34 доктори кои се водат како активни здравствени извршители не содржат важечки лиценци, иако лиценцата е основен услов за законско и стручно вршење здравствени услуги. Овие пропусти создаваат ризик и за пациентите, и за правната безбедност на установата.

Во делот на транспортот на пациенти во други здравствени установи во земјата, биле евидентирани трошоци во износ од 730.000 денари, но притоа не била приложена целосна поткрепувачка документација, како договори, транспортни листови, фактури, потврди или патни налози, со што се нарушува транспарентноста на финансиското работење.

Ревизорскиот тим утврдил дека сметководствената и материјалната евиденција не се усогласени, не бил спроведен целосен попис на средствата, побарувањата и обврските, а болничките залихи се евидентирале по систем на целосно издавање од магацин, без утврдување реална потрошувачка по пациент, што остава простор за губиток, злоупотреба или нерационално трошење на здравствените материјали.

Поради големината и видот на утврдените неправилности, Државниот завод за ревизија доставил официјални препораки со цел болницата да воведе подобар систем за финансиска дисциплина, ефикасна контрола, регуларни лиценци, документирање и отчетност.

За утврдените неправилности и сомнеж за незаконско користење на средства, Државниот завод за ревизија издал препораки за нивно отстранување, а на 22 октомври 2025 година, Основното јавно обвинителство – Прилеп отвори истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби во јавните набавки и управувањето со јавни средства во Општата болница „Борка Талески“.

Јавно обвинителство:

ТУКА

Целеосен Ревизорски извештај:

  ТУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...