Светскиот ден на извидниците е потсетник дека со заедништво и добра воља можеме да создадеме „Подобар свет“ кое вооедно е и мото на извидниците.
На 22 февруари, во чест на роденденот на основачот на извидничкото движење, Роберт Баден Пауел, милиони извидници ширум светот се обидинуваат и ја негуваат идејата за пријателсво и солидарност кон заедницата и природата.
Извидништвото ги учи младите на одговорност, тимска работа и почит кон природата и ги предизвикува на различни активности и предизвици.
Оваа година ИО„ Ластовица “ од Кочани овој ден го одбележа со дневен хајк во природа на „Исарот“ во Штип како верни љубители на природата , но и со предизвик да се искачиме повисоко на Вештачката карпа исто така во Штип.
‘
Љубовта кон природата и чуството за адреналин и возбудата за височини кај младите извидници беше очигледна.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









