Интонирање на химната и подигање на државното знаме во училиштата во општина Кривогаштани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Одлука за задолжително интонирање на државната химна и подигање на државното знаме секој понеделник за време на учебната година во основните училишта во општина Кривогаштани изгласа Советот на општината на последната седница.

Предлог одлуката поднесена од претседателот на Советот Андреј Ацески, едногласно беше прифатена од останатите членови на советот. Во општината има две основни училишта ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани. Целта е зајакнување на патриотизмот и граѓанската свест кај децата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Намален бројот на основци, а зголемен бројот на средношколците!

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174 040, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната учебна година. Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната  2025/2026 година...

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски утре ќе оствари работен состанок со претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци. Според најавата од кабинетот на министерот, состанокот е закажан со почеток во во 11.00 часот во хотелот Салида и се очекува да присуствуваат претставници на здруженија на одгледувачи на...

Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април, во Прилеп ќе се одбележува со култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“. Програмата има за цел да ја...