По успехот на минатогодишните парламентарни избори, Движењето ЗНАМ за наша Македонија, на престојните локални избори настапува со свои кандидатски листи за советници во најголем дел од општините во државата, а во Прилеп велат дека ја имаат една од најкомпетитивните листи, составена од луѓе со интегритет, со знаење и голем број идеи за подобар град. Претседателот на Движенот ЗНАМ од Прилеп Емил Јанески и кандидатот, носителот на листата за Советниците од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирјана Стеваноска, велат дека имаат план, визија и решенија за поразвоен Прилеп и ја имаат најкапацитетната советничка листа.
Радио Пела: Прва пат како партија излегувате на Локалн изори во Прилеп, па логично е прашањето – зошто движењето ЗНАМ во Прилеп нема кандидат за градоначалник на Прилеп? Тоа е некаква политика или недоволно подготвеност за овој чекор?
Јанески:Имаме 800 членови, структурно сме добро поставени, ги имаме сите услови да учествуваме рамноправно со сите партии во градот и искрено како општина организација не ни беше драго што нема да имаме кандидат за градоначалник. Меѓутоа на најдемократски начин во рамките на телата на партијата, да не се конфронтираме со партнерот во Владата коешто Движењето ЗНАМ за наша Македонија има соработка. И таа соработка се преслика на локално ниво, а кандидатурите спротивставени на локално ниво би довеле до конфронтација во рамките на владината коалиција,. Онаму каде што што Движењето ЗНАМ за наша Македо нија има кандидати за градоначалници се Куманово и Општина Центар во Скопје кои ВМРО ДПМНЕ им дава поддршка,а во останатите општини каде ВМРО ДПМНЕ има свои кандидати за градоначалници ние настапуваме со советнички листи. Причината значи е рационална, не е воопшто бегство од народот. Напротив, ние очекуваме голема поддршка на овие локални избори од граѓаните на Прилеп. Ние имаме своја кандидатска листа за советници, своја програма, а соработката што ја имаме со ВМРО ДПМНЕ не смее да заврши до 19 октомври и ние да бидиме неодметлив дел од локалната власт од две причини: Прво затоа што имаме добра програма,а второ убедливо ја имаме најкапацитетната листа составена од луѓе од различни професии, полни со енергија и ентузијазам и не дефинитивно сакаме да го понесеме товарот во локалната власт со свои кадри и да учествуваме во раководењето на локалнат самоуправа.
Радио Пела : Одите со советничка лисата, а на неа многу млади луѓе, луѓе кои се народни, луѓе кои се докажани професионалци во својата професија како што е Мирјана Стеваноска, носителот на листата за Советниците од Движењето ЗНАМ „За Наша Македонија“. Стеваноска по што се разликувате од кандидатите од другите советнички листи, кои во Прилеп ги има 10? Бидејќи , генерално сите ветуваат, предлагаат и нудат идеи?
Стеваноска: Се разликуваме по тоа што нашата програмата не е составен од двајца/тројца луѓе седнати во канцеларија. Не два/три месеци редовно излегувавме со штандови, се движевме меѓу граѓаните, ги анкетиравме, за да ги чуеме кои се нивните потреби и барања за нашиот град, кои се нивните идеи и кога ќе ја видите нашата програма тоа е програма на граѓаните. Во нашата програма се имплементирани сите нивни барања кои преку нас како советници во локалната самоуправа ќе можат да бидат ставени на увид некој да ги чуе, а и да бидат реализирами. Ние со граѓаните ќе се видиме и после 19 ти да ги чуеме нивните идеи, предлози. Од другастрана нашата советничка листа се разликува многу од останатите, затоа што е составена од различни профили, професионалци и докажани луѓе. Тоа се луѓе кои не се плашат да бидат гласни, не се плашат да ја кажат вистината. Ако влеземе со повеќе луѓе нема да бидеме „само предмет за кревање рака“ туку ќе се бориме за да се реализира овие проекти.
Радио Пела: На што се гради Вашата програма ? Кои се Вашите програмски приоритети и како планирате да ги реализирате? Буџетот е на граѓаните. Како да имаме поквалитетни услуги?
Стеваноска : Најпрви да го растовариме Прилеп од тешките товарни возила кои поминуваат низ централното градско подрачје и ни го загадуваат воздухот. Ќе се залагаме обиколницата да биде изградена во најкраток можен рок. Сите политички партии ја имаат во своите програми, но 10 години наназад никој ништо досега не направил, второ приоритет ни е да имаме доволно просторни улици за непречено одвивање на сообраќајот со отстранување на сите возила кои се паркираат низ уличките за да нема блокирање на улиците, средување на тротоарите каде граѓаните безбедно ќе се движат, поголем број на велосипедски патеки. Мора нашата локална самоуправа да биде тесно поврзана со бизнис заедницата. Нашите прилепски стопанственици самите се нудат за помош и соработка.
Јанески: Со искуството кое го има Стеваноска најпрвин ќе се делува дозволите за градба да се извадат од општинските фиоки и да почне да функционира службата за урбанизам. Малите и средните стопанственици не може да не добиваат дозвола за градба, а да го шират својот бизнис! Во согласно урбанистичките план колку повеќе градби имате, толку повеќе средства имате во општинската каса и имате можност да го развивате Вашиот град. Во постојан контакт сме и со бизнис заедницата. Во нашата програма имаме и субвенции за дефицитарни кадри потребни на стопанството. Младите едуцирани кадри не остануваат во Македонија. Сето тоа е потребно да се направи за да заживее стопанството, да почне да се полни општинската каса и со тие средства домаќински да се развива нашиот град.
Зборуваме за младите како тие ќе бидат вклучени во опшествената заедница, за екологијата и чистиот град, за начините на субвенционирање на јавните комунални препријатеи… а на прашањето “колку советнички места очекува Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, во идниот состав на Советот на општина Прилеп’, Емил Јанески, Претседателот на Движењeто ЗНАМ од Прилеп нагласи „дебело ќе го подобриме изборниот резултат од парламентарните избори и дека со поголем број на советници Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, во советот на Општина Прилеп и ќе биде темел на новата локална власт во Прилеп“, рече тој!
Целиот разговор проследете го на: https://www.youtube.com/@radiopelamacedonia8273/videos ЛИНК:









