Информација од в. д. градоначалникот Венко Крстевски по прес-конференцијата на директори на кочански училишта

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Го разбирам стравот на директорите на училиштата, коишто не ги плаќале сметките кон КЈП „Водовод“. Тој е оправдан.

Како работеле тие, ќе ви покажам со факти и документи, коишто партиски претставник нема да ги прикаже, а кои ја соголуваат злоупотребата на партиската моќ.

Ќе објаснам да може секој да ме разбере.

Со одлука со критериум за распределување на блок-дотации на основните и на средните училишта се дефинирани фиксните и варијабилните трошоци на училиштата.

Во документот со бр. 05-1651/1 од 11.11.2024 година се прикажани фиксните трошоци коишто треба да бидат доволни за покривање на обврските, при што не треба да се дозволи да се натрупуваат долгови.

Одредени директори вршеле злоупотреба на критериумот за распределба со тоа што вештачки ги пумпале фиксните трошоци. Подоцна во предлог-буџетот, износот на овие фиксни трошоци го распределувале за нефункционални цели и училиштата ги трупале со долгови.

Намената на критериумот е средствата да бидат распределени според површината на училиштето и според бројот на учениците и – да не дојде до заостанување на исплатата на обврските.

Одредени директори со партиска моќ, иако предупредени, што е видливо и од Записникот со бр. 08-1427/2 од 17.9.2024 година, дека фиксните трошоци од претходната проекција се разликуваат од доставените финансиски планови до Советот на Општина Кочани – по нив не постапиле.

Конкретно за ОУ „Никола Карев“: во истиот записник е констатирано дека е направена разлика од 1.760.000 денари! Наместо овие средства да бидат искористени за плаќање обврски кон КЈП „Водовод“, тие биле непродуктивно потрошени, на штета на сите други основни училишта. Ова е пример само за една година, а истото се случувало повеќе години наназад. Во 2021 година трошоците кон КЈП „Водовод“ со помош на Владата беа сведени на нула, а тие оттогаш па наваму успеале да ги зголемат само на 10,5 милиони денари.

Една од забелешките на пресот се однесува на користењето на геотермалната вода и нејзината топлина.

Топло препорачувам да си го проверат топлоизменувачот и да си го санираат проблемот.  Ако биле незадоволни од услугата требало навреме да се откажат од неа, а не да штрајкуваат кога доаѓа време за плаќање.

Ги поканувам директорите, утре сабајле, 14 мај 2025 година, во 7:30 ч. да дојдат на состанок, да ги расчистиме дилемите.

 

Со почит,

Венко Крстевски,

в. д. градоначалник на Општина Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани