Ин Меморијам: Почина најголемиот иноватор од Кочани, Ванчо Димитров

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 78 години, денеска, почина Ванчо Димитров, иноватор од Кочани, добитник на Гран-при на Светската изложба на иновации „Еурека“ во 1996 година во Брисел за пронајдокот „Систем за апсорпција на издувни гасови“.

Пронајдокот дава одговор за тоа како на безбеден начин да се реши испуштањето
штетни издувни гасови од автомобилите и фабричките и други оџаци и да се спречи
загадувањето на воздухот и животната средина.

Неговата идеја, како што ќе рече самиот, е да се спречат загадувачите кои неконтролирано ја дестабилизираат климата и го доведуваат во прашање опстанокот на светот.

Димитров имаше и други иновации, а една од нив за расадување на ориз е патентирана во Кина.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанскиот рок бенд „Корка“ победник на „Imagine Macedonia 2025“

Кочанскиот бенд „Корка“ го привлече вниманието на домашната музичка јавност откако беше избран за најуспешен учесник на овогодинешното издание на националниот музички натпревар „Imagine Macedonia“, одржан во Скопје. Настапувајќи меѓу повеќе млади состави од целата земја, „Корка“ се истакна со сопствен музички израз и сценска енергија, што беше пресудно за одлуката на жирито. Натпреварот се

45 годишна жена од Горни Подлог управувала возило со 2,63 промили алкохол во крвта

На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно