ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор
Синоќа во Прилеп на 71-годишна возраст почина Јове Магдески, мајстор на фудбалската игра и еден од најдобрите фубалери кои ги дал градот под Марковите кули.
Јове Магде, како што го викаа прилепчани, беше уметник со фудбалската топка, фудбалер со префинет стил и техника за кого во „најважната споредна работа на светот“ немаше тајни.
Покрај фудбалска умешност и мајсторство, дресот со број 8 на спортската гордост на Прилеп, ФК „Победа“, беше неговиот заштитен знак. Не за бадијала се велеше оти пасовите на Јове „имаа очи“, а слободните удари беа „половина гол“.
Јове Магде ја имаше среќата, заедно со Живко Ѓорѓиоски, Глигороски, Истатов, Мечев, Манески, Дрвошанов… да биде дел од, веројатно, најдобрата генерација на прилепска „Победа“.
Неговиот вонсериски талент и фудбалското мајсторство не останаа незапазени: Јове беше член на аматерската репрезентација на некогашната СФРЈ, за која настапуваа најдобрите играчи од Втората југословенска лига. За репрезентацијата одигра 30 натпревари, при што се закити со златен медал на Балканијадата во Грција.
Иако на негова адреса стасуваа понуди да го облече дресот на некоја од екипите од југословенската „голема четворка“, заради љубовта кон Прилеп, кон „Победа“ и, неретко, 20-илјадната публика на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, Јове и’ остана верен на својата прва и единствена фудбалска љубов.
И покрај заминувањето од овоземниот свет, ѕвездата на Јове уште долго ќе сјае на фудбалското небо.
Погребот на Јове Магдески ќе се изврши денеска, сабота 2 ноември во 13:00 часот, на Новите гробишта во Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски средношколец освои бронза на Олимпијада за вештачка интелигенција

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали. “Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и  Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје  освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на...

Панел дискусија за спортот

Утре, (сабота 28 февруари)  во 13.30 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел-дискусија на тема „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“. Панелисти се неколку македонски спортисти и познавачи на спортот – Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување; – Снешка...

Концерт на групата My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST

Иницијативата за Инакунезависна култура „500 денари рекет“ понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST. Концертот ќе се одржи на 28 февруари 2026г во кино салата Мис Стон со почеток во 21.00ч. My Tear...