IN MEMORIAM: Почина д-р Круме Соколоски поранешни претседател на ОО на Сојузот на борци од

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска (10.09.2025 година) на 93 година почина  Прим. д-р. Круме Соколовски поранешниот претседател на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, Прим.

д-р КРУМЕ СОКОЛОСКИ е роден во 1932 година во Прилеп. Во 1953 година завршил Воено медицинско училипте во Љубљана, после што две години е во служба во Скопје, како санитетски офицер. Во 1953 година се запишува на Медицински факултет во Скопје, кој го завршува во 1959 година. Во 1965 година спацијализира нервопсихијатрија, после што се вработува во Здравствениот дом во Прилеп.

Бил началник на Општа здравствена заштита во Медицински центар – Прилеп, а во два мандати  и генерален директор на Медицински центар – Прилеп. До пензионирањето е началник на нервопсихијатриската служба во Медицински центар – Прилеп. Бил запишан на двегодишни магистерски студии по социјална медицина, каде ги полага сите испити.

Во својот работен век бил секретар и претседател на Лекарски актив – Прилеп, делегат во Собрание на Р.Македонија, заменик претседател на Одбор за здравство и социјална политика, претседател на Совет на медицински центар – Прилеп и претседател на Управен одбор три години после осамостојувањето на Р.македонија.

Има 25-годишна кариера како професор по невропсихијатрија, во Средното медицинско училиште – Прилеп. Член е на ДНУ – Прилеп од самите почетоци, а четири години е и негов претседател. Бил потпретседател и е актуелен претседател на Опшштинскиот одбор на Сојуз на борци од НОБ – Прилеп.

Има напишано повеќе од педесет стручни трудови и книги. За долгогодишната стручна и организациона работа има добиено повеќе негради и признанија, меѓу кои Деветосептемвиска награда на Општина Прилеп, Третоноемвриска награда за животно дело на Општина Прилеп, Медал за воени заслуги итн.

Погребот на Прим. д-р. Круме Соколовски ќе се изврши  утре во 12 часот на Новите градски гробишта во Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: