Импровизирана депонија со гуми под Спомен-домот АСНОМ – сериозна закана по животната средина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Просторот под Спомен-домот АСНОМ, во изминатиот период е претворен во импровизирана депонија за стари гуми. Наместо уредена и чиста околина, на оваа локација може да се забележат фрлени автомобилски гуми, оставени од несовесни граѓани.
Дополнително загрижува фактот што сведоци сме дека секоја година, токму во периодот кога тревата е најсува, истата ја палат неодговорни лица.
Во услови кога на просторот има оставен отпад од гуми, постои реална опасност пожарот лесно да се прошири, а недај боже нивно зафаќање со оган би можело да предизвика сериозна еколошка катастрофа со несогледливи последици по животната средина и здравјето на граѓаните.
Оваа појава претставува сериозен еколошки проблем, но и лоша слика за градот, особено ако се земе предвид дека станува збор за простор кој често го посетуваат граѓани и гости.
Непрописното одлагање гуми е опасно и поради загадување на почвата и создавање жаришта за инсекти и глодари.
Граѓаните апелираат надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување на просторот и да се засили контролата со цел ваквите лоши навики да бидат санкционирани.
Воедно, се повикува и на поголема свест кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот и зачувување на јавните и историски значајни места.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почина Горан Крстев – Грга, поранешен градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

Почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево, Горанчо Крстев – Грга. Крстев беше на чело на општината во периодот од 2017 до 2021 година, оставајќи белег во локалната самоуправа и политичкиот живот во регионот. Во јавноста беше препознатлив по својата директност и ангажираност во општинските прашања. Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во

Ловното здружение ,, Осогово” повторно стана корисник на ловиштата Бање и Подлог

Ловното здружение „Осогово Кочани“ повторно стана корисник на ловиштата бр.5 „Бање“ и бр.6 „Подлог“ за следните 20 години. Членовите на здружението изразија благодарност до сите досегашни и идни членови и соработници кои придонесоа за остварување на целите и обврските на здружението. „Се надеваме дека соработката ќе продолжи и традицијата на ловење, која постои од 1924

Одлична премиера на карате турнирот „63 ангели“ – Кочани и Сансаи најуспешни клубови во борби и кати

Најуспепешен клуб на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани е КК Кочани, воедно и најмасовен, додедка Алексeј Ристов и Илина Костадинова од истиот клуб се најдобрите натпреварувачи во борби во машка и женска конкуренција. Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб во кати и во машка и во женска конкуренција. Беа прикажани добри борби, особено