Илустративно, Јовчески најави нова развојна фаза за Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Преку илустрции, денеска градоначалникот на Општина Прилеп, задно со раководителите на јавните комунални претпријатија , на прес конференција,  најави нови инфраструктурни проекти во  Прилеп.

“Деновиве ги потпишавме договорите за реализација на проектите што ги поднесовме преку вториот јавен повик на Министерството за локална самоуправа за 2025 година. Со ова, Прилеп обезбедува нови инвестиции од близу 8 милиони евра, за капитални проекти. Во наредниот период следуваат:  Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“,  Изградба на нов мост на ул. „Победа“,  Реконструкција на влезот на градот од правецот на Македонски Брод – ул. „Орде Чопела“,  Целосна реконструкција на ул. „Трајко Николоски“ со нови електроинсталации,  Нови детски игралишта во центарот – зад Участакот – и во населбата Типски,  Изградба на водоснабдителен систем за село Лениште,  Реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во Селце,  Поставување на фотонапонска централа на Пречистителната станица,  Интеграција на SCADA системот со ГИС платформа,  Замена на дотраената водоводна мрежа во центарот (делови од бул. „Гоце Делчев“, ул. „Кузман Јосифоски“ и ул. „Ленин“),  Поставување полуподземни контејнери на 21 локација низ градот,  Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“. Сите овие проекти се од витално значење и претставуваат директен одговор на реалните потреби на нашите сограѓани. Ова е доказ дека кога работиме посветено, визионерски и чесно – резултатите не изостануваат.  Потсетување: Во 2024 година, преку првиот јавен повик, Општина Прилеп веќе обезбеди 3 милиони евра за: Кружниот тек кај мостот „Табана“,  Изградба на дел од ул. „Победа“,  Реконструкција на водоводот во Карабдалица. Водоводната мрежа е веќе завршена, а останатите проекти влегуваат во градежна фаза уште следната недела. Ако го погледнеме вкупниот период од последните две години, можеме со гордост да кажеме дека, благодарение на поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,

Општина Прилеп обезбеди историска поддршка од 11 милиони евра директни инвестиции!

Но тука не застануваме! Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на уште два нови проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура, одобрени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.  „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“  Финансиска поддршка: 2.500.000 денари  Цел: Набавка на мини багер за поефикасно и континуирано одржување на зеленилото низ градот. И „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули“ Финансиска поддршка: 2.000.000 денари  Цел: Набавка на трактор со приколка и опрема за успешно пошумување и заштита на природниот локалитет.  Договорите за двата проекта се веќе потпишани и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое заедно ќе ги спроведеме активностите на терен, посочи Јовчески, потенцирајќи  дека ова не се само бројки – туку и дела!

На новинарско прашање кога паркинг просторот пред хотел Скопје наместо на автомобилите ќе му биде отстапен на пешаците, бидјеќи се наоѓа на 100 метрки од катна гаража,наменета за паркинг на возила,  градоначалникот, Борче Јовечски нагласи дека во рамките на предивдените проекти, токму овој простор ќе биде уреден.

Запрашанза уредување на коритото на градската река, кај подегот од мостот на нас “Димо Наредникот“ до мостот , раководителот на ЈП за ПУП, Бранко Нешкоски, најави проект за уредување на градската река, Нешкоски потврди дека има проекти со содржини за уредувње на коритото на градската река.

Директорот на ЈКП “Водовод и каналзација“-тврдеше дека нема да има рестрикции на вода и дека досега не се вклучени бунарите за дополнување на потребите на вода за прилепчани.

За изградбана обиколницата за соообраќај за  камионите кои прнесуваат мермер со цел да не вршат оштетување на градската патна инфрастурктура, надлежните посочија дека има проект ,но дека засега не е реализиран поради потребата од поместување на дел од далнововите од ЕВН кои „влегуваат“ во проектот.

Сеуште нема решение ниту за канализациониот систем во с.Мало Ккоњари.

Надлежните посочија дека Прилеп го затекнале со ниту еден проект од предходната власт и дека и оној проект „детска градинка во нас. Точила„ не бил реализиран при примопредавањето на власта, што создало кочница во развојот на Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Испитниот сообраќаен центар продолжува со работа

Испитниот центар за возачки испити во Битола и околните општини во понеделник (22.09.2025) ќе продолжи со работа. Во соопштението објавено на веб сајтот на „Супер возач“ ДООЕЛ Битола стои следното соопштение: -АМИЦ Супер Возач Битола од 22.09.2025 (Понеделник), започнува со спроведување на претходно одложените возачки испити. Кандидатите чии испити беа...

Прилеп на Локалните избори со 11 кандидатски листи за советници, 297 кандидати и со 9 кандидати за градоначалници

Во Прилеп се поднесени 11 кандидатски листи за советници од кои три се од независнита, а останатите 8  од политички партии. Група избирачи- Борче Чупетрески Група избирачи Страшо Наумоски Група избирачи – Ванчо Спиркоски Коалиција за локални избори 2025 година – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ Политичка партија Левица Македонска Ера...

Граната од  Првата светска на патот Прилеп-Битола

На 17.09.2025 во 15:00 часот во СВР Битола, О.П. пријави дека на патот Прилеп-Битола, под подвозникот кај с.Лознани, пронајдена е стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната од  Првата светска војна со калибар 105 мм.