Игор Николоски именуван за заменик градоначалник на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Професорот Игор Николоски, долгогодишен кадар во нижото основно музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“, е именуван за нов заменик градоначалник на Општина Прилеп.

Николоски е добро познат на прилепската јавност не само по својата богата педагошка кариера, туку и по неговото повеќегодишно активно учество во работењето на Советот на Општина Прилеп. Во Советот, како советник, тој континуирано ги застапува интересите на граѓаните и придонесува во носењето на локалните политики.

Со назначувањето на новата функција, Општина Прилеп добива заменик градоначалник со долгогодишно професионално искуство, силна врска со локалната заедница и изразена посветеност на образованието и јавниот интерес.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од 100 те возила за пошти ќе се “офајди„ и прилепската пошта со неколку нови товарни возила

Од 100 нови возила кои ги набави Владата за потребите на Македонски Пошти, неколку нови товарни возила ќе добие и прилепската пошта, како подружница на Македонски пошти. Денеска прествниците од оваа институција присуствуваа на презентацијата на 100 те возила , објави раководителот на прилепската подружница на Македонски пошти, Милена Јованоска....

Физички нападат на работно место во прилепската болница

Рано утрово, вработен во прилепската болница бил напад од друго лице, а СВР Битола соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот на физички напад во прилепскта болница. Настанот се случил на 15.04.2026 во 01:40 часот во ОВР Прилеп, кога Д.С.(34) од Прилеп пријавил дека на работното место во...

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски – Алпи во Цепенков

На 17 април 2026/петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена  изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви: крстови, пејзажи, кочанско поле…. „ Циклусот го работев оддеднаш...