Во ресторан „Амор“ во Кочани вчера се одржа собир на адвокатите од Адвокатската заедница Кочани, во присуство на претставници од Адвокатската комора на Република Македонија.
Средбата започна во 14:30 часот и се одвиваше според утврден дневен ред, кој опфати избор на претседател на заедницата, како и избор на претставници – делегати во Собранието на Адвокатската комора.
Со едногласна одлука на присутните адвокати, за претседател на Адвокатската заедница Кочани со мандат од четири години беше избран адвокатот Игор Јованов.
Во рамки на собирот беше спроведен и избор на пет претставници – делегати во Собранието на Адвокатската комора на РМ. Од вкупно предложени 13 кандидати, по пат на тајно гласање и со мнозинство гласови од 33 присутни адвокати, за делегати со четиригодишен мандат беа избрани:
Атанас Стефанов Елизабета Илиева Александар Постолов Иван Медарски Лилјана Сенева Избраните претставници ќе ја претставуваат Адвокатската заедница Кочани во Собранието на Адвокатската комора на РМ во наредниот четиригодишен период.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









