Игор Христов – Како социјалдемократски сојуз ќе имаме позитивна кампања, на кочанчани ќе им понудиме решенија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кочани – чист и зелен град, Кочани – културен град, Кочани – безбеден град, Кочани – урбан град, Кочани – спортски и туристички град. Тоа се петте принципи за коишто ќе се залагаме во периодот којшто ни претстои, рече денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник на Општина Кочан од редовите на СДСМ, Игор Христов.

Сметам дека ние како Социјалдемократски сојуз ќе имаме позитивна кампања каде што сакаме да се судрат аргументите и фактите, а на нашите граѓани да им понудиме решение, нагласи Христов, на пресот што се одржа во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани .
Денеска се наоѓаме во Паркот, па сметам дека тој треба да биде симбол којшто ќе не обедини и симбол којшто ќе донесе позитивни промени во нашиот град, порача кандидатот за градоначалник на Општина Кочани предложен од СДСМ.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ ги повика кочанчани доколку им се допаднат нивната кампања и ставови да го поддржат бројот 5 на претсотјните Локални избори.

Александра Коцева, носител на листата на кандидати за советници на СДСМ и коалицијата смета дека овие избори за граѓаните на Општина Кочани се најспецифични после големата трагедија од март годинава. Според неа, сите треба да си подадат рака и меѓусебно да го издигнат Кочани, градот да прерасне во ново урбано место за живеење. Место кое во централните вести ќе го споменуваат по убави работи, место во кое ќе сакааат да живеат и возрасните и нивните деца.

Ќе понудиме реални проекти и грижа за секој од вас. Како преставници на граѓаните ќе бидеме отворени и секојдневно ќе комуницираме и ќе бараме решение за секој проблем. Ветувам дека ќе ги смениме досегашните практики и ќе воведеме ново советнички делување, нагласи Коцева.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и