И талентирани и хумани! Учениците од „Ристе Ристески-Ричко“ги воодушевија прилепчани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Учениците од средното училиште „Ристе Ристески-Ричко“ пред прилепската публика во Кино Мис Стон,  изведоа две прекрасни претстави кои ја воодушевија прилепската публика.
Беа одиграни две хуманитарни претстави пред преполна сала, со одлична сценска игра, која кај присутните разбуди силни емоции.
Претставата ,,Диво месо” од Горан Стефановски, беше работена со труд, многу љубов и посветеност, а подготвена од нашите ученици кои ги краси една одлика човечност, но ги поврзува и огромна љубов кон театарската уметност.
Учениците и вработените од училиштето освен посветенот и талент, ја покажаа и својата хумана страна, бидејќи средствата од продадените карти ќе ги искористат во хуманирарни цели и ќе помогнат во лечењето на ученик од ООУ „Добре Јованоски“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...