И, прилепскиот аеродром под лупа – Владата испитува дали има злоупотреба на аеродромите во земјата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, соопшти дека ќе бидат спроведени истраги во 5 спортски аероклубови – „Скопје“, кој управува со аеродромот Стенковец во општина Чучер-Сандево, како и аероклубовите во Куманово, Битола, Прилеп и Штип. Тој предупреди дека некои од овие клубови веќе ја загубиле својата првична функција и наместо да се занимаваат со авијација, се трансформирале во организатори на свадби, концерти и на моторџиски собири.

Надлежните институции стартуваат со акција да се испитаат хангари, земјишта, дозволи и трансформации на спортските аеродроми низ Македонија.

Со промените на Законот за спорт, некаде пред 10 години, истите добија право да се трансформираат во акционерски друштва. Но, тоа не значи дека треба да ја губат основната дејност и од аероклубови да стануваат организатори на свадби, концерти, тим билдинзи и на останати настани што се промовираат на аеродромот Стенковец, или, пак, моторџиски средби на аеродромот во Куманово. До таму оди работата, во Битола, на пример, пистата е приватизирана. Така што, детално ќе бидат проверени сите овие работи и јавноста ќе биде информирана – истакнал Николовски.

Министерот посочи дека под истрага ќе бидат 5 спортски аероклубови: „Скопје“, кој стопанисува со аеродромот Стенковец во општина Чучер-Сандево; „Доне Божинов“ – со спортскиот аеродром во Куманово; аероклубот „Мирко Тодоровски“ – со аеродромот во Битола; како и аероклубовите „Прилеп“ и „Штип“, кои стопанисуваат со спортските аеродроми.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство беше побарано да се проверат нивниот правен статус и начинот на нивното трансформирање, зашто станува збор за акционерски друштва; имотот со кој располагаат и правниот статус на имотот, односно начинот на стекнување, дали е наследен, стекнат, легализиран или нелегализиран; a се задолжија и Министерството за транспорт, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, МВР, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за локална самоуправа, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата на катастар, а е препорачано единиците за локална самоуправа на чијашто територија се наоѓаат, да ги испитаат овие 5 аероклубови –  изјави Николовски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанката Оливера Андоноска добитничка на „Антево перо“

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство...

ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп одбележа 35 години од формирањето

Вечерва во амфитеатарот во Варош, во присуство на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп, одбележаа 35 години од формирањето. Пред членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои говореше за активностите на Владата што ја предводи ВМРО ДПМНЕ во...

Камион се самозапали на Плетвар во близина на с.Оревоец

Товарно моторно возило се самозапалило денеска на патот А3 Прилеп – Градско, на превој Плетвар во непосредна близина на исклучокот за село Ореовец, информираа од АМСМ. Како што информира АМСМ, инфрмацијата ја потврдиле од дежурната служба на Полициската станица од општа надлежност во Прилеп. Итно, интервенирала екипа од ТППЕ-Прилеп со...