И Општините Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница ги потпишаа договорите со Владата за користење на финансиски средства за релизација на проекти

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денес во Владата на Република Македонија, градоначалниците на сите општини од државата ги потпишаа договорите со владините министерства за добивање на финасиски средства од проектот за капитални инвестиции на општините во вкупна вредност од 250 милиони евра.

За Општина Зрновци се предвидени околу 6 милиони денари, при што градоначалникот на Општината, Борчо Коцев рече дека со парите, ќе изврши реконструкција на дел од главен доводен цевковод од водоснабдителен систем на општина Зрновци, како и изградба на Локален пат село Мородвис – Гробишта.

Овие пари, ќе бидат наменети за капитални инвестиции што ќе значи вистинска преродба и обезбедување поквалитетен живот за граѓаните, изјави Коцев.

Миле Петков, градоначалник на Општина Виница посочи дека со потпишаните договори, ќе се работи на дорегулација на Градечка и Виничка река.

-Дорегулацијата на Градечка река ќе биде во должина на 293 метри на мајор коритото и во должина од 693 метри на минор коритото од Градечка река.

Вкупната инвестиција ќе чини 20.271.189 денари, од кои од страна Министерството ќе бидат доделени 19.257.630 денари, а остатокот ќе го обезбеди Општина Виница.

Дорегулација на Виничка река е во должина од 500 метри и партерно уредување на истата во должина од 750 метри. Вкупната инвестиција на овој проект ќе чини 20.655.195 денари, од кои од страна Министерството ќе бидат доделени 19.623.630 денари, а остатокот ќе го обезбеди Општина Виница, истакна Петков.

Исто така, и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов ги потпиша договорите за реализација на реконструкција на улица „Сремска“ и дел од улица „6“ во село Облешево, како и реконструкција на улица „Маршал Тито“ во селото Чешиново – Фаза 2“.

Општините кои не успеале да ја комплетираат целата документација имаат рок тоа да го сторат до 15 ноември, потсети Мицкоски.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

( видео) Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани – Вечерва на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ втора проекција

На Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва следува втората проекција на филм од Патувачкото кино на МакеДокс, Фестивал на креативен документарен филм. Името на флмот што ќе биде прикажан сеуште не е познато. Организаторот, изборот го прави според публиката и нејзината возраст.. – Имаме подготвено поголема селекција на филмови што

Амфенол има потреба од две ново вработени лица….

Моментално имаме потреба од 2 (две)ново вработени лица за работно место: Техничар за  контрола на квалитет – Nox Одговорности и задачи: –               Работни и технички постапки, конкретна работа со опремата –               Извршување на мерењата и евалуација според работно упатство –               Извршување на мерењата и евалуација според инструкциите за проверка –               Директна комуникација со операторите поврзана

Реализирана донација од SupportKocani за Универзитетската клиника за пластична хирургија

Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.   Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети