„И, ние имаме деца за трка„- На економска национална олимпијада двајца ученици од економското училиште во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

И, ние имаме деца за трка. Двајца ученици  од  СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп  се пласираа во финалето на Националниот натпревар на економската олимпијада, која се одржа во Тетово.

Ученикот, Стефан Тасески го освои второ место и како награда  доби таблет, а ученичката Михаела Слабакоска се пласира во финалето и го освои 21 место, од 70 учесници. За жал е едниот и другиот не влегоа во потесниот избор за претставници на нашата држава, во Атина, „но, покажаа одлични знаења од областа на светската економија“ ,велат од СЕТУ Кузман Јосифоски -Питу- Прилеп.

На овој натпревар учествуваа 70 ученици, од 30 училишта и 16 градови: Кочани, Штип, Велес, Гевгелија, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Струга, Прилеп, Крива Паланка и други , кои се натпреваруваа во две фази на тестирање.  воконкуренција од 70 ученици, беа избрани топ 5-те најдобри ученици, кои ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната Економска Олимпијада, што ќе се одржи во август оваа година во Грција, на Античка Олимпија, која е позната како место каде што започнале првите олимписки натпревари..

Ативност, која се организира веќе три години, е намената не само да го промовира економското образование кај младите, туку и да  ги зајакнува и нивните аналитички вештини, критичко размислување и подготовка за предизвиците на модерната економија.

На 17 мај 2025 година во Тетово се одржа Националниот круг на Економската Олимпијада, организиран од Институтот Либерална Алтернатива (LAI) и Economics Fundamentals Initiative (EFI), со поддршка од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...