Христов на прес: Градскиот пазар во Кочани ќе го трансформирам во современ и безбеден пазарен простор на соодветна локација

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Градскиот пазар во Кочани конечно треба да добие достоинствен изглед и функционалност каква што заслужуваат и граѓаните и трговците! Ова го кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Игор Христов, на прес конференција денеска токму од локација во кочанскиот пазар.

Во моментов, пазарот за текстил и за широка потрошувачка се простира долж улицата „Гоце Делчев” и секој четврток, кога е пазарен ден, коловозната и тротоарската површина се зафатени со тезги, што создава сообраќаен хаос и несоодветни услови за работа и за купување. Тоа ја нарушува и безбедноста во овојдел од
градот, каде што има и основно училиште, детска градинка, објекти за колективно домување. Во вакви услови, пазарот ги иритира и домаќинствата што живеат на овој потег, кои немаат пристап до сопствените влезови и гаражи, смета Христов.

Како кандидат за градоначалник, нагласи тој, ќе се залагам за системско решение — уредување на модерен, безбеден и хигиенски пазарен простор на соодветна локација, со санитарни услови и пристап за сите
граѓани. Ова не е само прашање на уредување, туку и на ред, економски развој и почит кон јавниот простор.

На крајот,  Христов, истакна дека како иден градоначалник на Општина Кочани, со советничкиот состав од СДСМ и коалицијата, ќе реализира проект што ќе го
трансформира пазарот во современ градски пункт, каде што ќе се спојуваат традицијата, локалната економија и урбаниот развој.

Нека не обедини бројот 5 – за одлични резултати во наредниот мандат! Мандатот што претстои.

Кочани заслужува брз и динамичен развој, порача кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ/

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.  

Кампања за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Како една од десетте општини во Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија. Едукативните

Јавно осветлување на улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани

Крак од улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани доби јавно осветлување. На неодамна асфалтираниот дел од оваа улица се поставени 8 метални столба со ЛЕД-арматури. Улицата „Генерал Апостолски“ ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, а на овој крак е изградена и велосипедска патека. Со цел да се подобри видливоста во вечерните часови на јавно-прометните и сообраќајните