„Хороскоп” – нов инстант лоз на Државна лотарија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Инстант лоз со име „Хороскоп“ е најновиот член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Со својот впечатлив дизајн и забавната игра се очекува да биде нова инспирација за забава со можности за добивки за љубителите на инстант лозовите.

Интересно е што овој лоз ги комбинира астрологијата и нумерологијата, па играчите може да уживаат во забавна потрага по истоветни симболи (хороскопски знаци) и броеви со добитните симболи и броеви, коишто се кријат во полето за гребење, и да добијат дури четири добивки на еден лоз. „Хороскоп” има богат фонд на добивки и понуда на 5 премии по 500 000 денари, 10 добивки по 100 000 денари, 15 добивки по 50 000 денари и други помали парични добивки. Добивка се остварува доколку во полињата означени како „твои симболи и броеви”  се пронајде симбол или број којшто се совпаѓа со оние симболи и броеви означени како добитни.

Државна лотарија со особено внимание ја збогатува палетата инстант лозови со цел играчите да добијат разновидност во понудата за висина и вид на премии и дизајн, но најмногу од сѐ предничи обмислувањето на забавата и начинот на дознавање на добивката. Навистина е интересно кога потрагата по добитни симболи и броеви трае подолго и кога на еден инстант лоз може да се освојат и до четири добивки, како во инстант лозот „Хороскоп“.

Промовирајќи го пласманот на инстант лозот „Хороскоп“, Државна лотарија, како општествено одговорна компанија потсетува на обврската за одговорно учество во игрите на среќа кои што не се наменети за млади под 18 години. Воедно, ги потсетуваме и повозрасните да не подаруваат инстант лозови на деца бидејќи инстант лотаријата не е детска игра.

Но, летото е пред нас – време е за забава и прослави, а со инстант лозови „Хороскоп“ во пакет СРЕЌА ПЛУС на младенци и други славеници може да им се подари и забава и голем подарок и верба во среќата. А, среќата е насекаде.

 

Државна лотаријa

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост