HELEN DORON Прилеп – 9 години лидер во неформалното образование

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

                                                        Интервју со Маја Москов – Франшизер

1.Доаѓате од банкарскиот сектор – што Ве поттикна да направите пресврт и да започнете сопствен бизнис во областа на детската едукација?

По повеќе години професионално искуство во банкарството, почувствував потреба од промена која ќе ми овозможи да вложам во нешто што има пошироко општествено влијание. Како родител ја препознав вредноста на квалитетната рана едукација, а како економист – го видов потенцијалот и стабилноста на една докажана едукативна франшиза. Helen Doron ми понуди совршен спој на овие две аспирации: вредна мисија и добро структуриран бизнис. Банкарството ме научи на дисциплина, анализа, управување со ризик и важноста на клиенто-ориентиран пристап. Сите тие вештини се преносливи во водењето на едукативен центар – особено кога станува збор за комуникација со родители и организациска структура. Освен тоа, навикната сум да работам со доверба – нешто што е од суштинска важност кога се работи со деца и нивните семејства.

2. Што Ве убеди дека токму Helen Doron е вистинскиот избор за Прилеп? 

Методологијата на Helen Doron има докажани резултати во над 40 земји и постои од 1985 година. Особено ме импресионираше научниот пристап и грижливо развиената програма што ја следи секоја фаза од развојот на детето. Прилеп заслужуваше нешто вакво – современ, забавен и ефективен начин на учење англиски кој ги охрабрува децата да размислуваат, да комуницираат и да се изразуваат со самодоверба.

3. Со што најмногу се гордеете како франшизер досега?

Горда сум на позитивните реакции од децата, родителите и заедницата. Исто така, задоволството што сум креирала ново работно опкружување и тим со ентузијазам е нешто што ме исполнува секојдневно. Благодарна сум на моите учители кои го оставаат срцето во училниците.

4. Каков е интересот во Прилеп за ваков тип на едукација?

Интересот постојано расте. Родителите се сè повеќе информирани и бараат квалитетни програми кои ќе им помогнат на нивните деца да стекнат реални и долгорочни јазични вештини. Честопати имаме позитивни препораки од семејства кои ги гледаат резултатите – децата не само што зборуваат англиски, туку го сакаат учењето.

5. Кои се Вашите планови за иднината на Helen Doron во Прилеп?

Нашата визија е Helen Doron Прилеп да стане едукативен центар каде секое дете ќе може да го достигне својот потенцијал преку јазикот. Сакам нашиот центар да стане препознатлива едукативна точка во градот, но и да ги инспирира младите родители дека квалитетна едукација може да започне уште од најрана возраст – на начин кој е природен, модерен и прилагоден на потребите на децата денес. Планираме проширување на програмите и секако – континуирано вложување во обука на кадарот. Веруваме во квалитет и во долгорочна посветеност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...