„Хајдук“ ќе гостува во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Хајдук“ ќе гостува во Кочани

 

Во рамките на посетата на неколку градови во Хрватска, делегацијата од Општина Кочани предводена од в. д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со претседателот на ФК „Хајдук“ Иван Билиќ, клуб со огромно значење за цела Југоисточна Европа.

– Со претседателот Иван Билиќ се договоривме „Хајдук“ да одигра пријателски натпревар со „Осогово“ – Кочани. Според календарот за настапи на ФК „Хајдук“, тој натпревар би бил во август 2026 година, во вториот дел од летниот подготвителен период. Имавме средба и со заменик-градоначалникот на Сплит Иво Билиќ, кој е одговорен за спорт и за туризам, кој изрази подготвеност да помогне логистички за сѐ што треба за реализација на овој натпревар. За жал кога Осогово одбележуваше 100 години од основањето, не се одигра натпревар од ваков тип, со кој ќе беше соодветно прославен и обележан јубилејот, но за 102 години – „Хајдук“ ќе гостува во Кочани. Овој натпревар очекуваме да биде почеток на поинтензивна соработка меѓу Кочани и Сплит – истакна в. д. градоначалникот Крстевски.

Во знак на спортско пријателство, Крстевски и Иван Билиќ разменија дресови на „Осогово“ и „Хајдук“.

Сплит има најсовремена школа за гастрономија што ја посетуваат 660 студенти. Со официјалните претставници на Сплит е договорено идната година во Сплит да се одржат „Денови на кочанскиот ориз“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Последниот ден од животот на Никола Карев во Рајчани – Предание што го чува и пренесува чичко Ангел

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово. Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,