Грозданов: Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД ќе се вклучи во лекување на повредените деца од Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Докторот Владко Грозданов, предложен од ВМРО – ДПМНЕ како надпартиски кандидат за градоначалник на Општина Кочани, денеска најави партнерство со Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД за две клучни цели – обезбедување највисоко ниво на грижа за повредените во тргедијата од март годинава и поддршка во модернизацијата на болницата во Кочани, според најсовремени медицински и европски стандарди.

Грозданов информира дека вчера остварил контакт со тим од американски доктори, нови и негови претходни познаници. Во разговор со него, тие  понудиле безрезервна подршка и помош за Кочани во неколку области.

По одењето во САД веднаш ќе ја активираат целата Асоцијација на пластични хирурзи. Имаме договорена посета на америчките доктори на болницата во Кочани,  при што ќе се направат прегледи на децата, ќе се направи евалуација на досегашната сосотојба, мониторирање на лузните,  ќе се одредат соодветни терапи и третмани, соопшти Грозданов,  додавајќи дека докторите од САД се понудиле да извршат целосен увид во структурата на кочанската болица, да ги прегледаат сите оделенија и болничката инфраструктура, снабденоста со опрема. Се понудиле и да извршат максимална стандардиззација на кочанската болница по европски модус.

Грозданов кажа дека мост за целата оваа идеа би бил тој како градоначалник, но во целата работа ќе бидат вклучени и Владата на РМ, Министерството за здравство и Фондот за здравство.  Секако и лекарската комора на Македонија за издавање лиценци за докторите кои ќе ги прегледуваат повредените деца.

Кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов ,истакна дека станува збор за истите луѓе што  пред 6 години донираа огромни пратки на хируршки конци за хируршките сали во Кочани, витамини за трудници и невропсихијатриски и антибиотски терапии.

На крајот, докторот Влатко Грозданов ги повика кочанчани на 19 – ти октомври да излезат на Локалните избори и да го искористат граѓанското право да гласат, секој според своите убедувања.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на