Гран при Скоје – Прво место за Илина Костадинова, уште пет медали за КК „Кочани“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 23.11.2024 се одржа Меѓународен карате турнир ГРАН ПРИ СКОПЈЕ кој се организираше по повод прерано починатиот Игор Лазарев и 50 години Карате клуб „Цветан Димов“.

Карате клубот „Кочани“ на овој турнир настапи со 8 натпреварувачи и освои 6 медали:

– Илина Костадинова 2013/2014 -40кг. 1 место

– Томислав Ристов 2011/2012 -45 2 место

– Лука Златков 2011/2012 -55кг. 2 место

– Алексеј Ристов 2015 и помлади -30кг 3 место

– Алексеј Ристов 2013/2014 -35кг. 3 место

– Илина Костадинова 2011/2012 -39кг. 3 место

На турнирирот во Скопје настапија над 600 натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Косово, Албанија, Романија, Турција и Швајцарија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео