Граѓаните можат да поднесуваат жалби и поплаки за Реконструкција на тротоари на улица „Кеј 1-ви Мај“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Започна реконструкцијата на тротоарите на улицата улица Кеј 1-ви Мај“, а општина Прилеп ги  вклучува и граѓаните да земат активно учество во реализацијата на проектот со носењето на предлози, решенија и одлуки според нивните потребите и видувања за поквалитетна реализиција на овој инфраструктурен зафат.

Транспаретно, на официјална веб страна од општината веќе е достапен т.н „Образец за поплаки за проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“

Образецот за поплаки на веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА

Образец за поплаки ќе остане објавен на официјалната веб страна на Општина Прилеп за целиот период од спроведување, сѐ до завршувањето и затворањето на проектот. А, сандачиња  за жалби и поплаки се ставени и во приемно одделение  ЕЛС Општина Прилеп.

Со започнување на градежните работи општината се обврзува да ја информира јавноста, односно локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.

Целта на проектот е подобрување на локалната инфраструктура и создавање побезбедн простор за пешаците. Проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“, се спроведува како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија„ кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт, со финансиска поддршка од Светска банка.

Образецот за поплаки, посетете ја веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...