Градоначалникот на општина Виница, Митко Костадиновски го посети домот на првото новородено дете

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Градоначалникот на општина Виница, Митко Костадиновски денеска го посети домот на првото новородено дете во општина во 2026 година.
Костадиновски за Радио Кочани вели:
На првиот жител во 2026 година, малата Алина, испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината.
Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот.
Алина Салиова е родена на 07.01.2026 година во Штип и е трето дете во семејството Салиови.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во посета на Општина Кочани

Германската амбасадорка Петра Дрекслер, денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во објектот „Пулс“, како и за тековните активности на Општината, предизвиците и можностите за понатамошен развој. Градоначалникот Грозданов ја информираше амбасадорката за

Средба на градоначалникот Владко Грозданов со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А

Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок. Градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите од Трговскиот центар блок

Продолжи традицијата на палење василичарски оган кај манастирот „Св. Димитриј“

И денеска, 14 јануари, продолжи традицијата на палење василичарски оган кај манастирот „Св. Димитриј“, што се наоѓа во населбата Трајново трло. Настанот собра голем број жители од населбата, како и посетители од повеќе делови на градот, кои дојдоа заеднички да го одбележат празникот Василица. Во дворот на манастирот беше запален василичарскиот оган, околу кој присутните