Градоначалникот на Општина Лајонс Кристофер Гети во посета на Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во посета Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис во Соединетите Американски Држави.

– Доаѓам во Кочани, општина со која сме збратимени, за да пренесам поддршка и добра волја по трагедијата што се случи овде. Општина Лајонс останува посветена на поттикнување на меѓународното пријателство и соработка и заедно со нејзините жители стои здружено со граѓаните на Кочани во ова тешко време, нудејќи искрено сочувство и непоколеблива поддршка –  рече градоначалникот Гети, кој потпиша писмена прокламација за продолженото пријателство меѓу општините.

Заблагодарувајќи се за поддршката, Крстевски ги истакна напорите за нормализирање на животот по несреќата во Кочани и потребата за коренити системски промени што ќе влијаат на квалитетот на функционирањето на заедницата.

Градоначалникот Гети и делегацијата од Лајонс ја посетија ТППЕ – Кочани и во чест на херојските дела на кочанските пожарникари и многуте спасени животи за време на трагичниот пожар во „Пулс“, на командирот Драган Апостолов му подарија пожарникарска секира од  Противпожарната служба на Општина Лајонс.

Соработката на Општина Кочани со американската општина Лајонс, којашто се наоѓа во непосредна близина на Чикаго, започна пред една година по иницијатива на кочански иселеници во САД.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците