Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино.
Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да се зачува локалната традиција и да се создадат нови можности за економски развој во руралните средини.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, како и словенечкиот амбасадор во Република Македонија, Грегор Прескер, чие присуство му даде дополнителна тежина и публицитет на настанот.
Од општината истакнуваат дека со вакви активности продолжуваат да ги промовираат потенцијалите на регионот и да создаваат нови можности за развој на туризмот и локалната економија.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









