Градоначалникот Грозданов одржа работен состанок со директорите на кочанските училишта

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов одржа состанок со директорите на основните и на средните училишта во Општина Кочани, на кој присуствуваше и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев со стручните служби.

На состанокот се разговараше за можните решенија за справување со наталожениот долг на училиштата кон комуналното претпријатие.

Директорите ги презентираа финансиските планови на училиштата за 2026 година и со службите за финансии од Општина Кочани ги усогласуваа годишните планови со Буџетот на Општина Кочани за идната година.

На дневен ред беше и реализацијата на инфраструктурни проекти и други активности на училиштата, како од општинскиот буџет така и во соработка со Министерство за образование и наука и со Владата.

Се дискутираа и предлог-програмите за 2026 година за поддршка на образованието и за спорт, при што беше ставен акцент на можноста за бесплатно користење на училишните спортски сали.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се продава оризна нива на одлична локација…

Се продава оризна нива со површина од 2,8 декари Локација: Грдовски пат, Кочани 077/96/44/00 Цена по договор

PUBLIC Coffee Bar – Место каде што топлината на доброто друштво и музиката создаваат совршен амбиент…

Кочани, декември 2025 – PUBLIC Coffee Bar ја отвора зимската сезона со нова енергија и богата програма што ќе донесе топлина во студените денови. Со уникатна атмосфера, вкусни зимски пијалоци и внимателно одбрана музика, локалот станува омилено место за дружење и забава. „Нашата цел е да им понудиме на гостите нешто повеќе од кафе –

Кочани и Кратово со 100% неправилности: најцрни точки на фискалната мапа

Каде е најцрно на фискалната мапа на Македонија и во кој дел од државата фискалната сметка уште се доживува како „опција“, а не како обврска? Најновите податоци од Управата за јавни приходи покажуваат дека во дел од градовите секоја втора, а некаде и секоја контрола завршува со прекршок – јасен сигнал дека сивата економија не