Горивата поскапуваат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар.

Така цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар.

Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар. Цената на мазутот поскапува за 0,6 денари, и од утре ќе се продаба по цена од 34,5 денари по килограм.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од 1 ви март Општина Прилеп започнува со присилна наплата на неплатените даноци од физички и правни лица

Општина Прилеп од први март започнува постапка за присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса за период 2023, 2024 и 2025 години. Причина за ваквата непопуларна мерка на наплата е тоа што значителен број даночни обврзници и покрај досегашните повици за подмирување на даночните обврски, дел од...

Пожари во Прилеп и во долненско-изгореа 850 тони сточна храна и земјоделска механизација

Во еден ден, вчера во Прилеп и во долненско Локвени регистрирани два пожари во кои е предизвикана значителна материјална штета, повредени лица нема, информираат од СВР Битола: На 22.02.2026 во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар на настрешница, сопственост на А.Т.(39) од с.Локвени.  Од...

Полициски билтен: пријавени физички напади, приведен возач, автомобилот одземен

Во ОВР Прилеп за два дена биле пријавени неколку физички напади, а денеска сообраќајната полиција привела возач кој управувал без дозвола и го одзела возилото: На 23.02.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп, Б.Р.(19) пријави дека околу 01:00 часот на излез од угостителски објект бил физички нападнат од Д.С. од...