Горивата поскапуваат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од полноќ на малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,40%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

Според одлуката, цената на бензините и дизелот се зголемуваат за 2,00 денари по литар, додека цена на маслото за горење се зголемува за 1,50 денари по литар. Цената на Мазутот, пак, се зголемува за 0,375 денари по килограм.

Максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин         ЕУРОСУПЕР БС – 95                  73,50 (денари/литар)

Моторен бензин         ЕУРОСУПЕР БС – 98                  75,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       66,00 (денари/литар)

Масло за горење       Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                 65,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                       37,155 (денари/килограм)

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...