Попладнево повторно густ црн чад на депонијата Алинци. Екипи на ТППЕ Прилеп, од јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании веќе се на терен за справување со пожарот.
Градоначалникот Проданоски при увидот истакна дека градската депонија е дива и дека ваквите пожари се повторуваат. Трајно решение е изградба на регионалната депонија во општина Новаци , проект во кој што се вклучени општините од Пелагонија вклучително и општина Прилеп за трајно решавање на управувањето со отпад и дивите депонии.
Попладнево заседава Општинскиот кризен штаб кој ја разгледа состојбата во насоки за преземање на мерки за спречување на понатамошно ширење на пожарот на градската депонија Алинци и преземање превентивни мерки.









