Гори букова шума кај Плетвар кај м.в. „Ливада“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пожар на отворено на просторот помеѓу с. Лениште и Беловодица, кај Плетвар. Гори букова и мешана шума. Пожарникарите на терен  .

Состојбата со шумските пожари во Македонија се влошува, два активни пожари горат во Македонски Брод и Прилеп, велат од ЦУК. Во  Прилеп,  кај место викано Ливада, на просторот помеѓу  селото Беловодица и Лениште  изби пожар во букова шума.  Екипите на ТППЕ -Прилеп се на  терен и постојано ја следат состојбата, а Дирекцијата за заштита и спасување и локалните пожарникари работат на сузбивање на пожарот за да се спречи евентуално проширување на огнот кон населените места и  патишта.

Побарана е и воздушна поддршка за локализација на пожарот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: