Ѓорѓи од КПС „Осоговски Орел“ требаше денес да слави роденден – животот го загуби во несреќата во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ѓорѓи, член на КПС „Осоговски Орел“, денеска требаше да го прослави својот роденеден. Но, тој животот го загуби на 16 март годинава во трагичната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“.

Ѓорѓи беше активен спортист и препознатлив член на клубот, познат по својата посветеност на планинарењето и спортскиот живот. Оттаму велат дека бил пример за младите и личност која секогаш покажувала иницијатива и ентузијазам.

Денес беше твој ден. Твој роденден. Во некое подобро време сигурно ќе го прославевме на некој врв. Ќе те споменуваме секој ден, беше човек од збор и голем другар на секого. Посетувај не понекогаш. Прати ни по некој знак, чувај не. А ние ќе те чуваме од заборав. Среќен роденден во вечноста НАШ Ѓорѓи. Никогаш заборавен и прежален, велат од КПС „Осоговски Орел“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.   По

НСП-бараме да се разгледа самата распределба низ бројки во кои некои полициски станици добија по 5 возила, додека пак други како на пример...

✍️ Денес до Министерот за внатрешни работи вложивме писмена реакција околу распределбата на новите службени возила кои за жал повторно во голем дел завршија помеѓу командирите и началниците, наместо на терен каде што е најмногу потребно.   ⛔️ Доколку не се прекине ваквиот начин на распределба, кој со години е пракса во МВР и да