Голема турска бизнис делегација во возвратна посета на Прилеп (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Делегација од дваесетина бизнисмени од збратимената општина Тире, Република Турција во возвратна посета на Прилеп. Целта е продлабочување на соработката меѓу двата града и стопанските комори од регионите на Пелагонија и Измир. Турските претставници заинтересирани за инвестиции во земјоделството и индустријата.

– Како општина Прилеп ние имаме можност на стопанствениците од Турција да пројават интерес како за размена на сите стопански дејности така и отворање на нови инвестиции, нови фабрики во нашата индустриска зона и во комплексот на општината. Гостите се во поголем број и се надевам дека секој од нив ќе најде свој интерес, посочи градоначалникот Борче Јовчески.

Денеска се одржаа средби, а делегацијата посети и неколку фирми во Прилеп со цел да се запознаат гостите со што располага општината.

– И нашата општина наликува на Прилеп, препознатлива е по земјоделството и индустријата. Се надевам дека тука нашите бизнисмени ќе најдат интерес за инвестиции, рече Хајати Окороглу градоначалник на општина Тире.

Првите контакти со турската општина Прилеп ги започна во 2010 година, а од 2011 година Прилеп и Тире се збратимени градови кои ја негуваат соработката најмногу во областа на културата. Традиционалното пријателство меѓу двата народа сега има можност да прерасне и во областа на економијата и бизнис секторот.

-Имаме одлична соработка како држави со Република Турција. Меѓусебната трговска размена изнесува околу 907 милиони евра. За жал имаме поголем дефицит и ќе гледаме како држава преку овие контакти со турските компании, со Владата на Република Турција и со стопанските комори да го зголемиме извозот на македонски стоки на турскиот пазар, но и некоја поголема турска компанија да инвестира во Прилеп и во регионот на Пелагонија. Ние како политичари да го работиме политичкиот, но бизнисмените нека го водат економскиот дел. Се надевам дека за брзо ќе отвориме фабрика – турска инвестиција, но од друга страна во Измир да е отвори трговска канцеларија за врски и соработка со тој регион и Пелагонија, рече Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

Веќе во општина Новаци бизнисмен од областа Измир ќе започне со првата инвестиција.

– Ние сме на почеток. Пред година и половина дојдовме во Македонија во Пелагонија, Прилеп, Битола, Новаци. Сите општини во пелагонскиот регионот нудат различни можности затоа бизнисмените треба сами да одлучат што е од нивни интерес. Ние сме тука темелите удрени во 2011 година да ги надоградиме. Гледаме дека даноците ви се многу ниски, многу имаме очекувања во врска со тоа како олеснување. Јас сум на чело на бизнис комара со 1 800 членови, и веќе од денес ќе работиме на продлабочување на соработката, вели Мехмед Надир Деликанли, претседател на Стопанската комора на Тире.

Со оваа возвратна посета на турските бизнисмени и  Регионалната стопанската комора Прилеп презема конкретни чекори.

– Како Стопанска комора тие се должни сите услови кои што ги нудиме како општина да ги пренесат до нивните членки. Претседателот на Индустриската зона во Тире, тој веќе инвестира овде и ги продолжува тие трговски соработки. Неговиот бизнис е во делот на изолациони материјали. Тука има бизнисмени од производство на маслиново масло, автоиндустрија и други фирми, вели Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора Прилеп.

Турските бизнисмени се втор ден во Прилеп, дел од дирекните средби се одвиваа денеска во салата на Општина Прилеп, но и при посетата на две компании.

 

.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Концерт на Етно оркестарот „Александар“ од Виена во Прилеп

На летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 30 мај 2025 г., со почеток во 20:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи етно оркестарот „Александар“ кои доаѓаат од Виена на нивна иницијатива.  Етно оркестарот „Александар“ е првиот оркестар во историјата на Виена кој нуди инклузивен пристап и простор за секој музички ентузијаст,...

Доделени над 500 хектари државно земјоделско земјиште на прилепските земјоделци

Во Прилеп доделени 192 договори на земјоделците, со вкупна површина околу 500 хектари. Ова земјиште се распределува по последниот јавен повик од јануари годинава, информираше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и посочи дека интересот да се стави во функција државното земјоделско земјиште е голем. На последните пет јавни повици лани...

По 31 година , Големо Коњари е второлигаш!!! (ФОТО)

Големо Коњари се враќа во втората фудбалска лига.Со име Братство три сезони одигра во овој ранг – 1991/92, 1992/93 и 1993/94. Честитки за  Управата (предводена од Тони Даноски), Стручниот штаб (со Горан Касниоски) и сите фудбалери, коишто го освоија првото место во Третата лига – Југ.Инку денешната ждрепка беше наклонета...