Голема изложба и дефиле на “Олдтајмери” во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во недела на 13 ти Октомври, Кочани ќе биде домаќин на возила – олдтајмери од минатиот век. Возилата од повеќе градови во Македонија, Србија Хрватска и Бугарија ќе пристигнат во 11ч. во кругот на станицата за технички преглед “Еуроконтрол” во Облешево. Дефилето во градот Кочани е предвидено за 12 часот, а главниот прием на гостите е закажан за 13 часот во големиот двор на црквата Св. Јован Крстител во горни Подлог.
Ќе следува активно дружење и ручек, како и случки и настани од светот на љубителите на старите возила (олдтајмери).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми

Од 1 јули ќе стапи на сила забрана за движење во шумите и ќе важи најмалку до крајот на август. Иако оваа забрана се спроведува секое лето кога има високи температури, според надлежните, најголемата причина за шумските пожари е токму човечкиот фактор. Поради ова, секој што ќе мора да се движи во шумата за време

Желбата на Ице Андонов од Кочани го допре цело срце на Битола

Една искрена желба – да го донесе својот автомобил на првиот CAR SHOW во Битола – остана незаборавена. Иако животот сурово пресече, не дозволувајќи Ице Андонов од Кочани да биде физички присутен, неговиот дух, желбата и љубовта кон автомобилите беа посилни од времето и просторот. Денес, таа негова желба стана реалност. Благодарение на неговото семејство

Првата група повредени од пожарот во Кочани почна со лекување на Пониква

Почна лекувањето во одмарилиштето на „Пониква“ на настраданите од кобниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. 46 луѓе на кои им е потребно лекување од изгореници, се дел од првата група којашто две недели ќе се лекува во одмарилиштето. Тие ќе добијат физикална и физиотерапија, ќе вежбаат јога, набавени се веќе и специјалните креми