Голема изложба и дефиле на “Олдтајмери” во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во недела на 13 ти Октомври, Кочани ќе биде домаќин на возила – олдтајмери од минатиот век. Возилата од повеќе градови во Македонија, Србија Хрватска и Бугарија ќе пристигнат во 11ч. во кругот на станицата за технички преглед “Еуроконтрол” во Облешево. Дефилето во градот Кочани е предвидено за 12 часот, а главниот прием на гостите е закажан за 13 часот во големиот двор на црквата Св. Јован Крстител во горни Подлог.
Ќе следува активно дружење и ручек, како и случки и настани од светот на љубителите на старите возила (олдтајмери).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Свечено отворени просториите на „Школа за убавина Арт“ во Кочани

Со свечено отворање на новите простории на улицата „Кеј на Револуцијата“ бр. 14, „Школа за убавина Арт“ официјално го започна своето работење во Кочани. По осум години успешно функционирање во Скопје и повеќе од 10.000 обучени курсисти, школата го проширува своето делување и во источниот регион на државата. На настанот присутните имаа можност да се

На 11 јуни во Виница – јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со...

Се известуваат жителите од Источниот и Североисточниот Плански  Регион и општините вклучени во нив (Берово, Чешиново-Облешево, Делчево, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Штип, Виница, Зрновци, Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Крива Паланка и Ранковце), дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот

Заврши учебната 2025/2026 година – последно училишно ѕвонче за учениците

Денеска, 10 јуни, со последното училишно ѕвонче заврши учебната 2025/2026 година за учениците од основните и средните училишта во Кочани. По девет месеци исполнети со настава, учење, натпревари и бројни училишни активности, учениците заминаа на заслужен летен распуст. Посебно емотивен ден е за деветтоодделенците, кои го завршуваат своето основно образование и се разделуваат со своите