Голема акција на финансиската полиција во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Управата за финансиска полиција денеска врши претрес на осум локации поради сомнежи поврзани со финасиското работење на прилепската болница, информираат од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од ОЈО Прилеп.

Минатата година новото раководството на Општата болница со проширена дејност во Прилеп изјави дека установата има наследени долгови од 193 милиони денари и блокирана сметка.Тогаш Финансиската полиција почна да го проверува финансиското работење на болницата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прогласена е кризна состојба во земјава од 30 дена поради зголемeна појава на пожари

Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти Владата. Одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина. Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на...

Жителите на Мало Коњари и Кадино село да пријават штети од невремето на 27 јуни

Општина Прилеп ги известува жителите на селата Мало Коњари и Кадино село да пријават штети настанати на земјоделските посеви и насади од невремето од пороен дожд, ветер и град кое на 27 јуни ги зафати атарите на овие две села: КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА...

ИКТ Центарот во Прилеп ќе чува податоци од Народна банка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи (и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка. Центарот во Прилеп...