Со заеднички сили денеска двата клуба Ротари и Лајонс организираа крводарителска акција која што наиде на голем одзив кај прилепчани. Ова е по ред 17 та заедничка акција која што предизвика 80 тина крводарители да се пријават за дарување на најдрагоцената течност.
– Ова е заедничка активност и целта е да придонесеме во заедницата за вакви крводарителски акции. Во случајот се работи за хуманост од една голема група на луѓе. Ние сме презадоволни од одзивот оваа година, иако секоја година одзивот е се’ поголем,“ вели Кирил Ристески од Ротари Клуб Прилеп.
Заедничкото делување на двата клуба е одраз на целите од организациите – да се делува добротворно и хумано во заедницата.
Бидејќи, целта ни е иста на двете организацији, на Ротари организацијата и на Lions Clubs International – хуманитарноста, хуманоста, помагање во сите области кога што има потреба. Ние, бидејќи соработуваме во многу работи, решивме, барем, оваа цел да не биде заедничка. Значи, на тој начин можеме со своето присуство, со своето делување како организации, да ја подигнеме свеста и да ги направиме овие организации повидливи и подостапни за граѓаните, посочи Весна Пацаноска од Лајонс клуб Прилеп.
Ротари и Лајонс се глобални организации кои делуваат во своите локални заедници за помош и поддршка со организација на добротворни акции за обезбедување на опрема и помош во здравството, во образованието и секаде каде што е потребно за развој на локално ниво.
Акцијата се одржа во ресторанот Алтан Прилеп.









