Голем интерес за приклучување кон Доброволното противпожарно друштво – Кочани, во ТППЕ со работа почнаа двајца нови пожарникари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со значителен одзив од страна на граѓаните заврши повикот за прием на нови членови во Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани.

На јавниот оглас, кој траеше до 30 јуни, се пријавија вкупно 23 кандидати, меѓу кои и пет жени, што ја потврдува се поголемата вклученост на жените во општествено одговорни и хумани активности.

Посебно охрабрува податокот дека меѓу пријавените има и млади лица, но и средовечни граѓани, што сведочи за широката поддршка на заедницата за мисијата и работата на ДПД Кочани.

Во претстојниот период, новите кандидати ќе поминат низ интензивен циклус на обуки и предавања, кои ќе опфатат и теоретска и практична подготовка, со цел стекнување на неопходните знаења и вештини за активно учество во противпожарните и спасувачки активности.

Инаку, во ТППЕ – Кочани од денеска со работа започнаа двајца нови пожарникари.

Едниот доаѓа на место на пожарникар кој замина во пензија, а со новото вработување бројот на вработени професионалци изнесува 17 лица, а потребниот број е 32.

Во рамки на надлежност на кочанската противпожарна служба се и териториите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претставници на 31 медицинска установа од 19 држави во Европа доѓаат во Кочани на одбележувањето на трагедијата од 16 – ти март 2025

Претставници од 31 медицинска установа од 19 држави од Европа ќе присуствуваат на одбележувањето на првата годишнина од трагичниот настан во „Пулс“, најавено е денеска на прес конференција на која присуствуваа  градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов и претставници на Организацскиот одбор. На пресот, градоначалникот Владко Грозданов  упати апел до граѓаните во текот на тридневното

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата