Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Откако вчера УО на ФФМ го именува Гоце Седлоски за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, денеска се одржа официјалната промоција.

Седлоски како поранешен фудбалер, стана првиот кој запиша 100 настапи во националниот трим на Македонија, за која постигна 8 голови.

Тој доаѓа на местото на Благоја Милевски кој уште еднаш го одведе националниот состав до бараж за Светското првенство 2026. Задачата на Седлоски нема да биде ни малку лесна, па доколку Седлоски и неговите избраници напролет сакаат да испишат нова историја ќе мора да ги добијат двата бараж дуели. Првиот полуфинален е на 26 март против Данска, а последната пречка ќе биде победникот од дуелот Чешка – Р.Ирска во финалниот меч на 31 март.

Во својата тренерска кариера, Гоце Седлоски работеше како асистент и в.д. селектор на Македонија. На клупско ниво ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички.

Во досегашната тренерска кариера, Седлоски освои три шампионски титули, со ФК Вардар во сезоните 2015/16 и 2016/17, со ФК Шкупи во сезоната 2021/22, како и Куп титула со ФК Вардар во сезоната 2024/25.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Премиерот Мицкоски ја потврди продажбата на 11 Октомври Еурокомпозит

Премиерот Мицкоски на прес-конференција, денеска ја потврди продажбата на последниот државен загубар, 11 Октомври Еурокомпозит-Прилеп. Мицкоски посочи дека целта е да се рестартира дел од наменското производството на воена опрема, но во идна во Македонија да се произведува и друга воена опрема потребна на пазарот. „Целта е да се обнови...

🎁Протектор полиса за животно осигурување може да биде и подарок🎁

Секоја е нова година е почеток на нови предизвици. Но при правењето на избор за одредени решенија најважна е довербата стекната низ искуството за одредена услуга или производ.  Како да се направи вистинскиот избор за намалување на ризиците кои животот може да ги донесе?  Протектор Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп...

Промена на директорската позиција на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Нова промена на позицијата менаџер на ЈКП Комуналец- Прилеп. На позиција директор на ЈКП Комуналец- Прилеп, назначен е Љубиша Јованоски, дипломиран економист, вработен во Терминал  од ЈКП “Комуналец “. – Цел  на ваквите промени е внесување  на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните.Очекуваме одговорно, транспарентно и посветено...