ГФК „Осогово“ ден по мечот со „Скопје“ – Судијата Салихи е срам за судиската организација и брука за ФФМ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ГФК „Осогово“ на вчерашниот првенствен меч со ФК „Скопје“ не беше оштетено туку силувано од главниот судија Пларент Салихи и неговите помошници Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески заедно со четвртиот судија Бардиљ Ибраими. Непостоечкиот пенал е врвот на бесрамното, непрофесионално и нечовечко однесување на судијата Салихи. Тој е срам за судиската организација и брука за ФФМ.

Вчера сите ние бевме жртви на воено злосторство, на геноцид и тоа во мирнодопски услови.

ГФК „Осогово“ во континуитет во повеќе наврати бил мета на судиите. Досега тие ниски удари ги примавме достојно и човечки, како спортисти. Обидувајќи се од секоја ситуација да извлечеме поуки и да научиме од грешките. Да им простиме на тие што грешат на наша штета.

Салихи заедно со Јовчевски и Ѓорѓески, секако и Ибраими го погазија човечкото достоинство кај секого од нас, а бевме повеќе од 300 луѓе кои дојдоа да го бодрат ГФК „Осогово“ до нова победа. Никогаш не се случило на оградата на нашата западна трибина да стои и бурно реагира повеќе од половина од целата публика.

На потег е контролорот Сашо Иванов! Да ја видиме неговата оцена за силувачите на ГФК „Осогово“.

Јавно кажуваме дека веруваме дека претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ќе се заинтересира да ја види снимката од мечот, да се увери сам во „делата“ на судиите. Истото да го направи и Јосип Бартон, да види како делат неправда неговите сограѓани (сите 4 судии се од Тетово).

Вчера беше одвратно да се биде на градскиот стадион „Никола Мантов“ да се гледа понижувањето што ни го приредија „режисерот“ Салихи и неговите помошници заедно со четвртиот судија.

Победата на ГФК „Осогово“ требаше да ја посветиме на нашите ангели, на денот на шестмесечниот помен за вечна памет на нивните души. А меѓу нив и нашите верни навивачи Томас Златков ( кој вчера ќе прославеше 22 роденден) и Аце Стојанов.

Јавно кажуваме и дека Салихи, Јовчевски, Ѓорѓески и Ибраими не се пожелни веќе во Кочани ниту на стадионот „Никола Мантов“.

На потег е ФФМ!!!

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Макпрогрес“ ги отвори новите производствени погони, присуствуваше и премиерот Мицкоски и владина делегација

Премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, остварија работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, каде што беше одржана средба со менаџерскиот и стручниот колегиум на компанијата и свечено беше

Од 17 до 05 часот забрането движење и паркирање на дел од „Генерал Апостолски“ во Зрновци

За доследно почитување на одобрениот времен режим на сообраќај на дел од ул. „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци, Општина Зрновци упатува сериозен апел и известување до сите граѓани, учесници во сообраќајот, сопственици на моторни возила и мотоцикли, локалното население за доследно и строго почитување на утврдениот и законски одобрен времен сообраќаен режим на дел од