“ГеНарација Мир – Уметноста е начинот”- две театарски претстави како дел од од регионална младинска средба во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

“ГеНарација Мир – Уметноста е начинот” е насловот на Регионалната младинска, мировна и уметнички средба, која ќе се одржи во Прилеп од 10 до 12 септември 2025, во Домот за култура “Марко Цепенков”.
Во Прилеп ќе бидат прикажани две претстави како дел од од оваа регионална младинска средба во која ќе се сретнат млади луѓе од Македонија, Косово и Србија.
 Претставите ќе бидат поставени во Домот на култура „Марко Цепенков“ Прилеп. За двете претстави влезот е слободен, а публиката ќе може да ги проследи со превод на англиски јазик.
На 10 септември (среда), во 19:00 часот ќе биде поставена претставата „Заминувања“, колективна драматрургија во режија на Драгана Гунин. Претставата обработува 4 женски приказни од војната во 2001 од архивата на животни приказни на Мировна акција. Базирана е врз книгата „13 Женски приказни за една војна“ издание на Мировна Акција – Прилеп. Претставата беше поставена премиерно во Албански Театар во Скопје во 2022, а потоа беше поставена во Куманово. Претставата беше селектирана и на 57от Македонскиот Тетарски Фестивал во Прилеп во 2023, во придружната програма на фестивалот.
На 11 септември ( четврток), во 19:00 часот, ќе биде прикажана претставата „Татко и Татко“, чиј автор е Јетон Незирај, а режијата е на Куштрим Колиќи од Приштина, Косово. Претставата има освоено 15 награди, меѓу кои и: награда за најдобра театарска претстава, режија и актерска игра на Фестивалот за Уметност и традиционална култура „Етно Фест“ во Кукај во 2022, истата година награда за режија и актерска игра на Театарскиот Фестивал во Феризај, награда за најдобра оригинална драма и актерска игра на Албанскиот театарски фестивал „Мојсиу“ во Скопје во 2022, награда за најдобра режија, најдобра актерска игра и најдобра театарска претстава на Меѓународниот театарски фестивал во Приштина во 2024.
Настанот заеднички го реализираат Мировна акција (Македонија),  Integra (Косово) и  Gradjanske Inicijative (Србија), а финансиски поддржан е од Western Balkans Fund.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: