(ГАЛЕРИЈА) Голем интерес за ракометниот караван во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Спортската сала на  ООУ „Добре Јованоски“ , беше претесна да ги прими сите деца кои сака да научат некоја ракометна “финта. Вториот „Ракометен караван“ во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска направи вистински спортски спектакл во Прилеп.  Повеќе од 200 деца имаа можност да учествуваат во ракометни игри,  да се дружат и да се запознаваа  со познати ракометни спортски имиња ор Прилеп: ракометниот тренер, Горан Кузманоски, левото крило на РК Прилеп, Димитар Димитриоски и меѓународнена ракометна судијка и екс ракометна репрезентативка, Силвана Карбеска.

Ракометните познавачи преку демонстрации, разговори и заеднички фотографии го пренесоа своето искуство и љубов кон  ракомеот, а малите љубителни на  ракометот уживаа во секој момент и со големо внимание учествуваа на овој настан .Започнаа со пеење на македонската химна, како  “големи“ ракометни репрезентативци, завршија со заедничка фотографија. А, на сите учесници РФМ им додели подароци.

Малите  ракометари, момчиња и девојчиња,  покажаа голем интерес, трчаа, додаваа, постигнуваа голови, додека нивните омилени ракометари ги бодреа и им даваа совети. Останува ракометоt да заживее подлабоко  во градот под марковите кули, кој одсекогаш имал квалитетен ракометен состав и во машка и во женска конкуренција и интерес за овој најтрофеен спорт во Макеоднија.

„Целта на караванот е едноставна – ракометот да биде поблиску до децата. Сакаме уште од најрана возраст да го развиваме спортскиот дух, тимската игра и здравите навики. Ова е наш начин да ги инспирираме најмладите да се занимаваат со спорт и да ја почувствуваат убавината на ракометот,“  порачуваат од Ракометната федерација на Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...