Дрвокрадци во прилепско синоќа предизвикале судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.
Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.
На 25.11.2025 во 22.30 часот, во ОВР Прилеп Р.М. од Прилеп пријавил дека на стариот патен правец Прилеп – Велес кај мeсто викано Дервен, пријавителот вработен како шумски полицаец заедно со неговите колеги, затекнале две возила кои вршат бесправен транспорт на огревни дрва и при обид да ги стопираат истите се обиделе да ги прегазат, при што удриле во нивното службени возило и избегале. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лицата биле пронајдени и приведени во полициска станица Прилеп при што е утврдено дека се работи за Е.А. и М.А. двајцата од Прилеп и по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.









