Со достојна почит кон делото на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров, денеска вработените и учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ го прославија патрониот празник – одбележување на 161 година од неговото раѓање. По тој повод беше положено свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп и на спомен-плочата кај неговата родна куќа во Варош.
Традиционално, се одржа свечена академија во киното Мис Стон, настан кој што предизвика емоции лајт мотивот на песната „Мојата Македонија“ од Давид Темелков, мелодија која ги буди чувствата за татковината, да се биде меѓу своите, да се биде дома.
Се претставија учениците со своите ментори, а учество зедоа сите учениците со посебни образовни потреби со кои што работи стручен инклузивен тим на училиштето што создаде општа емотивна атмосфера на радост на сите ученици, наставници и родители.
Особено моќна во своето обраќање беше пораката на Жанета Видевска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“ која осврнувајќи се на ликот и делото на патронот и успесите на училиштето, на крајот од нејзиниот говор ги повика младите да останат тука, во родниот град, за сите заедно да го направиме Прилеп пристојно место за живеење што предизвика емоции кај сите присутни, особено кај родителите.
„Ликот на Ѓ. Петров мириса на историја, Марковите кули, таму над Варош каде што е неговата родна куќа мирисаат на вечност, а овде мириса на иднина. Драги наши ученици, вие кај нас растете со нас, ние летаме со вас, и нашиот професионален ангажман нема смисла без вас. Вие брзо ќе одлетате откај нас, ќе заминете на студии по градовите низ Македонија, но запомнете нешто многу важно: Штип и Битола се премали за распонот на вашите крилја, Скопје е пренаселен град, а сѐ што е надвор од границите на Македонија е предалеку за вашите родители. Затоа, летајте наоколу, но вратете се овде бидејќи вие сте иднината и надежта на Прилеп,“ посочи Видевска во обраќањето до присутните.
Ѓорче Петров, целосно име Георги Петров Николов е роден на 2 април 1865, Варош, Прилеп. Тој бил македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација. Ѓорче Петров на 28 јуни 1921 година, за време на неговата вообичаена попладневна
прошетка, пред домот во Софија, бил убиен. Тој бил последниот од идеолозите и столбовите на македонската револуционерна организација. Убијците и нарачателите на убиството му организирале величествен погреб, дури и држеле говори пред неговиот гроб. Пукањето в грб од близок, не е ништо друго освен кукавички чин на предавство, а Ѓорче Петров бил убиен токму од оние на кои им ја подарил својата доверба, оние со кои мислел дека дели заеднички идеал, а тоа е борбата за слобода на Македонија.