(ФОТО-ВИДЕО) Карневал Прочка 2026 изложба на маски – децата ја чуваат традицијата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп од денеска е во прочкарска еуфорија. Настаните традиционално започнуваат со изложбата на маски од основните и средни училишта. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од денеска, па наредниве 7 денови, е поставена изложбата на маски изработени од учениците. Со тоа  започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2026“.

Над 300 маски изработени од ученици заедно со наставниците-ментори, се дел од оваа традиционална изложбата која се одржува по повод карневалот „Прочка“, а на која, својата креативност, умешност и идејност ја изразуваат децата. Важни се и пораките упатени преку изработените маски. Гран при наградата ја доби маската „ИЗГОРЕНА ШУМА ДОБИ ЧОВЕЧКИ ЛИК“ изработена од Димитар Седлоски “ООУ Блаже Конески”- Прилеп.

Децата се чувари традицијата и оваа изложба го покажа тоа преку уникатните креации од природни материјали, од дрво, кожи, конци, а имаше и такви што верно ги отсликуваат маските на прилепските мечкари – симболот на Прилеп.

Дека прилепската традиција е жива покажаа повторно најмладите. На изложбата имаше и „подвижни маски“- потомците и подмладокот на „Прилепските мечкари“, кои гордо презентираа дека се  подготвени за главниот настан да ја понесат ги пренесат вековните адети и пораки поврзани со големиот православен празник Проштени поклади – Прочка.

На отворањето на изложбата присустуваше градоначалникот Дејан Проданоски, кој упати покана за настаните кои следат во рамките на карневалските денови. Утре, сабота од 12 часот е Детското карневалско дефиле кое ќе започне од ООУ Кочо Рацин, па се’ до централната бина на плоштадот Методија Андонов Ченто, а в недела е дефилето на Меѓународниот карневал Прочка 2026 кое започнува од 13 пред Центарот за култура Марко Цепенков, по Булеварот Гоце Делчев до централната сцена на плоштадот Методија Андонов Ченто.

 

 

 

Најдобри маски кои се наградени со вредносни ваучери:

ПРОЧКА 2026

Избор на најдобра маска

 ГРАН ПРИ НАГРАДА

Димитар Седлоски “ООУ Блаже Конески”- Прилеп

 НАГРАДА ЗА ЈУНИОР МАСКА

Детски градинки Наша Иднина

РЕ-БОНЧЕЈЦА ЈУНИОР,Група Бубамари “Крал Рециклирко”

 

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ

ООУ Добре Јованоски IV-2 одделение

 НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ

I место – Ивана Проданоска “ООУ Кире Гаврилоски-Јане”-Прилеп

II место Јован Дамјановски “ООУ Кочо Рацин “-Прилеп

III место- Алдин Хајровиќ “ООУ Пере Тошев” с.Десово

 НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ МАСКИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА

I местоСара Блажески II-8, СОУ “Гим. Мирче Ацев”Прилеп

II местоСтефани Димова, III-8 СОУ “Ѓорче Петров“Прилеп

III место- Марија Андоновска III-1, СОУ “Гим. Мирче Ацев”Прилеп

 НАГРАДА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА

Даниел Велкоски VII одд. “ООУ Пере Тошев” с.Дупјачани

 НАГРАДА ЗА НАЈИНОВАТИВНА МАСКА

I место Леонид Јанкос, “ООУ Блаже Конески” Прилеп

II место Лина Антоска VII-2, “ООУ Кире Гаврилоски-Јане” Прилеп

III место- Валентин Костоски IX-г ООУ “Гоце Делчев” Прилеп

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...