(ФОТО) Имал среќа!!! Земјоделец куртили при пад на далновод…

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

МЕПСО секоја година упатува апел – земјоделците да бидат внимателни при работата со механизацијата и со наводнувањето во нивите каде што има далноводи. Но, после овој случај земјоделците треба да упатат предупредување до МЕПСО за тоа – какви фирми изведувачи вршат замена на далноводната мрежа.

Во полициската хроника деновиве го имаше следниот случај:

На 10.07.2025 во 19.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во близина на патот Прилеп-Битола во м.в.„Горно Садово“, М.В.(70)  од Прилеп додека изведувал земјоделски работи на неговата нива, слушнал силен звук и паднал во безсознание, а кога се освестил забележал дека имало паднат далековод. М.В. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош.

Редакцијата на Радио Пела ја контактираше синот на 70 годишниот прилепчанец  кој ни достави фотографии за настанот кој што многу лесно можел да биде со трагичен крај. Не’ информираше дека неговиот татко е добар и се опоравува по стресот кој што го преживеал. За каква штета станува збор од фотографиите може да се забележи – падот на далноводот уништил дел од насадите со тутунот и на земјиштето каде што неговиот татко работел и ja обработувал.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крвава ноќ во Прилеп – убиен татко и син

Иако се уште нема детали од МВР и ОЈО, од она што го пренесуваат медиумите и сведоци на настанот, во вчерашниот инцидент вујко ги убил својот малолетен внук и неговиот таткот (зет на убиецот) во неговата куќа . Убиецот фрлил и експлозивна направа, пукал и кон полицијата, по што некаде...

Ноќна драма во Прилеп – Неофициално едно лице е убиено, друго загинало во сообраќајна незгода кај Липа

Доцна Велерва ззаложничка драма во центарот на Прилеп кај Кружниот кај Карпалак,каде има и многу полициски екипи. Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп. Еден штотуку се упати кон Скопје. Неофицијално, маж застрелал лицето кое го држело во зачложништво неговото дете, а кај х.Липа, неофицијално дознаваме дека се случила сообраќајна незгода ,...

За Бехтел и Енка предизвик е крајниот рок за изведба на автопатот Прилеп-Битола

Повеќе археолошки наоѓалишта, голем број на неексплодирани мини (најмногу од Првата светска војна) на теренот каде што се гради делницата од коридорот 10 д , се само дел од предизвиците да се заврши во предвидениот рок – крајот на 2027 година изградбата на автопатот. Целата изведба на автопатското решение се...