Формирано Локалното собрание на млади кое ќе ги застапува интереси на младите во Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп  избра Локалното собрание на млади, пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници во Локалниот младински совет. Согласно донесеното решение, во Собранието се избрани 12 млади делегати и 12 заменик-делегати или вкупно 24 млади претставници од различни  организациски групи, што ќе ги застапуваат интересите на младите во Општина Прилеп.

Младинските делегати и заменик-делегати доаѓаат од повеќе организации, вклучувајќи од : Црвена младина – Прилеп, учениечки и ученички заедници од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ЛК СДММ – Прилеп, Младински совет – Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА – Прилеп, УМС ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т – Прилеп и Извиднички одред ФЕНИКС.

Локалното собрание на млади е тело кое го сочинуваат млади претставници од различни младински и ученички организации и има советодавна и застапувачка улога за прашања од младински интерес во локалната самоуправа. Според донесеното решение, целта на овој состав на Локалното собрание на млади е да спроведат избор на членови во Локалниот младински совет. Оваа институционална форма е предвидена со Законот за младинско учество и младински политики, според кој локалните совети се важен механизам за вклучување на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки што директно или индиректно влијаат на нивниот живот, со цел да биде засилена нивната улога во општеството и во локалните процеси на донесување одлуки.

Од Општина Прилеп посочуваат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон јакнење на младинското учество, создавање простор за гласот на младите да биде чуен и за конкретни придобивки да се реализираат на локално ниво.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Монодрамата „Лидија, или сè што знам за жените“ в сабота на Сцена 105

На 18.04.2026/сабота/ од 20.00 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптација, режија и актерска игра: Игор Трпчески Музика на акустична гитара:...

Од денеска отворен патот за Охрид преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од денеска 15.04.2026 се отвара за сообраќај за сите видови возила до 3.5 т. информираа од диспечерскиот – информативен центарна  на ЈП Македонија пат. Овој пат ќе биде отворен за сообраќај до 15.11.2026. Тоа значи дека живописната линија која ги поврзува...

Од 100 те возила за пошти ќе се “офајди„ и прилепската пошта со неколку нови товарни возила

Од 100 нови возила кои ги набави Владата за потребите на Македонски Пошти, неколку нови товарни возила ќе добие и прилепската пошта, како подружница на Македонски пошти. Денеска прествниците од оваа институција присуствуваа на презентацијата на 100 те возила , објави раководителот на прилепската подружница на Македонски пошти, Милена Јованоска....