Формирано Локалното собрание на млади кое ќе ги застапува интереси на младите во Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп  избра Локалното собрание на млади, пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници во Локалниот младински совет. Согласно донесеното решение, во Собранието се избрани 12 млади делегати и 12 заменик-делегати или вкупно 24 млади претставници од различни  организациски групи, што ќе ги застапуваат интересите на младите во Општина Прилеп.

Младинските делегати и заменик-делегати доаѓаат од повеќе организации, вклучувајќи од : Црвена младина – Прилеп, учениечки и ученички заедници од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ЛК СДММ – Прилеп, Младински совет – Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА – Прилеп, УМС ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т – Прилеп и Извиднички одред ФЕНИКС.

Локалното собрание на млади е тело кое го сочинуваат млади претставници од различни младински и ученички организации и има советодавна и застапувачка улога за прашања од младински интерес во локалната самоуправа. Според донесеното решение, целта на овој состав на Локалното собрание на млади е да спроведат избор на членови во Локалниот младински совет. Оваа институционална форма е предвидена со Законот за младинско учество и младински политики, според кој локалните совети се важен механизам за вклучување на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки што директно или индиректно влијаат на нивниот живот, со цел да биде засилена нивната улога во општеството и во локалните процеси на донесување одлуки.

Од Општина Прилеп посочуваат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон јакнење на младинското учество, создавање простор за гласот на младите да биде чуен и за конкретни придобивки да се реализираат на локално ниво.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп подготвува стратешки план за урбана мобилност односно за создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка. Целта на проектот е...

Викендов во Прилеп ќе се оджи 5-тиот по ред меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”

Викендов,  од 28 февруари 2026 до 01.март 2026 во организација на ПК „Младост 96„ -Прилеп, по петти пат ќе се одржи Меѓународен меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”. Натпреварите ќе се играат во салата на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп , а пинпонгарите ќе настапат во неколку категории: млади категории...

Двајца прилепачни приведени – возеле без возачка

Прилепчани возеле без возачка и биле приведени од полицијата. На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што...